Забрана за Фокс и Спорт клаб ТВ каналите
Објавено: 30 јануари, 2015, во 07:50 часот
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реши дека 35 кабелски оператори ќе треба да ги исклучат телевизиските канали Фокс, Фокс мувис, Фокс крајм, 24 кичен, сите Спорт клуб канали и Голф клуб,пренесе МКД.
Оваа одлука е донесена по извршениот вонреден програмски надзор врз работата на сите 49 оператори на јавни електронски комуникациски мрежи.
Во образложението пишува дека агенцијата не издала дозвола за емитување на овие канали и дека истите се емитуваат на српски јазик. Доколку кабелските оператори не ги исклучат каналите, против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки.
Оваа одлука предизвика негативни реакции на социјалните мрежи со барање за доследно спроведување на овие принципи и за македонските канали кои се преплавени со програма на српски јазик и кои често пати се без превод. Освен тоа, граѓаните забележуваат и на непреченото емитување на турските и индиските серии за чиј квалитет исто така треба да се отвори дискусија во Агенцијата за медиуми.
