Состојба на патишта: Влажни коловози и слаб снег на планинските превои
Објавено: 31 јануари, 2015, во 07:41 часот
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по влажни коловози.Слаб снег провејува во К.Паланка,П.Шапка,Маврово,Охрид, Крушево,Буково,Плетвар и Пресека. Во останатиот дел од Македонија има слаби врнежи од дожд.
На патниот правец Тетово-П.Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.


