Обвинителството поднесе жалба за условниот отпус на Кежаровски
Објавено: 31 јануари, 2015, во 07:52 часот
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе жалба на одлуката за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски.
Оттаму вчера попладне соопштија дека ја разгледале Одлуката за условен отпуст и сметаат оти погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст и затоа надлежниот јавен обвинител поднел жалба на одлуката.
