Сумирани првичните штети од невремето во кавадаречко

Објавено: 2 февруари, 2015, во 12:30 часот

Шеесет и два литри на метар квадратен за четириесет и осум часа наврнаа викендов во Кавадарци. Обилниот дожд беше причина да се наполни коритото на реката Луда Мара и водата од коритото да се излие на кејот. Урнати се потпорни ѕидови на неколку улици во градот, а има поплавено и земјоделски површини во неколку кавадаречки села.

„Невремето во Кавадарци не остави многу  големи последици. Покрај штети на троатоарска инфраструтура имавме урнато  пет потпорни ѕидови на улиците „25 ти мај“ , „Методија Џунов Џикот“, „Брушанска“, „Ѓуро Ѓаковиќ“  и „Шишка“. Имаме и индивидуални штети кои се уште не се проценети. Штетите  се однесуваат на земјоделските  култури во атарот на село Глишиќ, Марена, поранешното Моклиште, Раец и селото Дреново заради излевање на Раечка Река“ рече на прес конференција градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Тој апелираше сите граѓни кои имаат штети од невремето да ги пријават во општината и најави дека од денеска комисии за лозарство и за земјоделство  при општината ќе излезат на терен за да ги утврдат штетите на земјоделските површини./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.