Фактор: Се бројат штетите, угинат добиток и уништени плантажи со домати, краставици….
Објавено: 5 февруари, 2015, во 07:40 часот
Задоцнета пролетна седиба, намалено производство, појава на болести, повисоки цени на дел од земјоделските производи – ова ќе бидат последиците од поплавите што изминатиов период ја зафатија земјава, укажуваат агроекспертите. Најпогодени се штипско-кочанскиот, струмичкиот, и пелагонискиот регион. Од земјоделските култури, поплавите според првичните проценки најмногу штети предизвикаа кај посевите со житни култури, раноградинарсвото, а во некои региони има и угинат добиток,пишува Фактор.
Најкритична е состојбата со есенската пченица особено во Пелагонискиот регион каде што голем дел од површините се под вода. Извесно е дека производството годинава ќе потфрли, а пролетната сеидба нема да почне навреме, велат агроекспертите.
-Дефинитивно пролетната седиба ќе задоцни бидејќи не може да влезе во нивите за да се почнат подготовките, а состојбата може и да се влоши бидејќи се најавуваат нови дождови. Да беа временските услови добри, веќе требаше да биде почната седибата на сончогледот, пченката, јачменот, сега се ќе се пролонгира. Ова што сега се случува е многу полошо од тоа што го очекувавме. Само за пример, ако житата се три дена се под вода почнува оштетување на листовите од растението, но после три дена целиот коренов систем скапува. Штетите ќе бидат огромни а лошото е што не можат да се надоместат. Сега требаше да почне прихраната на есенските култури, но не може да се влезе во нивите. Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести, вели Огнен Оровчанец, сосптвеник на “Агроунија”.
Засега нема точни податоци колку површините со жита се уништени од поплавите, но се очекува намалено производство, поради што во прашање ќе доведе покривањето на домашните потреби за пченица, кои најверојатно ќе треба да се надополнат од увоз. Упатените во мелничарската индустрија велат дека проблемот е што и земјите од регионот поради неповолните временски прилики очекуваат намалено производство, што ќе доведе до зголемување на цената на увозната пченица. Евентуалниот пораст на цената на увозната пченица, крајно ќе значи и нови повисоки цени на брашното и лебот, укажуваат мелничаритe.
Текстот во целост прочитај го тука.
