Добро утро!

Објавено: 12 февруари, 2015, во 07:02 часот

Воведете задолжителен утрински ритуал, односно по станувањето, без оглед на годишното време, отворете го прозорецот во спалната или излезете на тераса (дневната светлина и свежиот воздух ќе ве разбудат и ќе ви го подобрат расположението), а потоа започнете со обврските предвидени за престојниот ден.

Денот нека ви почне со вашата омилена музика, или уште подобро – со соло пеење, затоа што тоа успешно го регулира дишењето и поттикнува работа на срцето и крвотокот, и влијае на хормоните на среќа и задоволство.

За утринска нега користете препарати со мириси кои ќе ве разбудат и ќе поттикнат добро расположение, а такви се мирисите на ѓумбир, лимон, портокал и лимонска трева.

 


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.