Фонтаната на младоста постои но, дали подмладува?

Објавено: 16 февруари, 2015, во 08:09 часот

Луѓето од секогаш се плашеле од залезот на животот. Античкиот грчки поет Хомер ја нарекува староста „одвратна“ , а Вилијам Шекспир „ужасна зима“.

Затоа не е чудно што луѓето секогаш се надевале дека ќе се најде нешто, да речеме некоја магична вода или пак во поново време преку матичните клетки ќе ја зарджат вечната младост.

За време на 12 век од нашата ера, кралот кој им е познат на Европејците како Презвитер Јован, наводно владеел со земја во која течела река од злато и таму се наоѓала фонтаната на младоста.

Но името на шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон од 16 век п.н.е најблиску се поврзува со фонтаната на младоста. Тој наводно сметал дека таа чудотворна вода се наоѓа во Флорида. Денес во најстариот град во САД, Свети Августин, постои едно место кое е туристичка атракција за која се верува дека е фонтаната на младоста, која Хуан Понсе ја пронашол на денешна Флорида.

Но за жал никој кој се напил од водата со мирис на слуфур не се претворил во тинејџер.Но сепак интересно е што постојат податоци дека ова место на кое наводно некогаш се наоѓала најпосакуваната фонтана во светот, е туристичка атракција уште од 1900 година.

Легендата вели дека Хуан Понсе де Леон го придружувал Кристофер Колумбо на неговот второ патување до новиот свет во 1493 година, а 16 години подоцна станал првиот гувернер на Порто Рико.

Од локалното население тој слушнал за место наречено Бимини, каде се наоѓал извор кој им ја враќал младоста на луѓето и им носел богатство и добра среќа. Од таа причина тој испловил северно од Порто Рико. Така тој стигнл до земјата на цвеќињата-Флорида.

Во „Мемоари“ од Хернандо де Ескаланте Фонтанеда од 1575, авторот вели дека подмладувачките води се наоѓаат на Флорида и спомнува дека Леон ги барал таму. Откако преживеал бродолом во близината на Флорида како дете, Фортанеда бил заробеник на Индијанци 17 години. Во неговите „Мемоари“ тој раскажува за излекувачки води на некоја изгубена река, која тој ја нарекува Јордан и го спомнува Понсе де Леон дека ги барал овие води.

Херера е тој, кој ја прави дефинитивна врската во изромантизираната верзија на приказната на Фонтанеда, која е дел од „Општата историја на фактите на Канингем за островите и копното на океанот“. Херера тврди дека Касиките редовно ја посетувале фонтаната.

Еден изнемоштен стар човек можел да се подмлади толку многу, што можел повторно да ги прави „сите машки работи… да си земе нова жена и да зачне уште деца.“ Херера додава дека Шпанците ја пребарале секоја „река, поток, лагуна и бара“ на брегот на Флорида и дека сите потраги по легендарната фонтана биле безуспешни.

Низ историјата се споменува уште една локација. Се вели дека на патувањето назад од Флорида, тој поминал пред група остови, осносно Бахамите. На тие простори сеуште постојат плитки базени со вода кои се богати со минерали. Оние кои се капеле тука се колнат дека потоа се чувствуваат подмладени и поздрави.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.