Се одржува Карневалот во Рио де Женеиро
Објавено: 17 февруари, 2015, во 08:41 часот
Најспектакуларниот карневал во светот,годинава, не го попречи ниту паѓањето на снегот.
Во неделата вечерта на улицата Самбадром неколку часа парадираа учениците од дванаесетте најдобри елитни училишта за самба, облечени многу луксузно. Училиштата се подготвуваат за овој настан во текот на целата година.
На плажата Ипанема посетителите ги слушаа најпознатите бразилски изведувачи, а за поголема сигурност на посетителите на Рио, полицијата во текот на викендот распореди 15 000 припадници.
Овој спектакл почна во петокот, а завршува в среда. Се проценува дека фестивалот, и покрај громовите и дождот, изминатите денови привлекол повеќе од 72.000 луѓе .
Карневалот за првпат се оддржал во 1723 – тата година, а првото училиште за самба чии ученици беа дел од поворката е отворено во 1928.
Карневалот како и секоја година зеде жртви. Најмалку две лица се убиени, а неколу се ранети за време на оваа раскошна прослава.




