Старата театарска зграда во сопственост на општината
Објавено: 23 февруари, 2015, во 14:30 часот
Општина Велес го зголеми својот имот. Таа одсега ќе раководи и со старата театарска зграда, што Владата и ја додели во трајно вледеење. Објектот располага со површина од 700 квадратни метри и уште 800 квадратни метри земјиште до него и е вреден над двеста илјади евра.
Локалните власти планираат зградата да ја наменета за центрите за лица со посебни потреби. Се уште не се знае дали таа ќе се урива и на нејзино место ќе се гради нов објект или на неа ќе бидат направени само реконтруктивни градежни зафати.
Стручните служби ќе ја проценуваат моменталната состојба на објектот, да се види во каква кондиција е и какви реконструктивни зафати треба да се направат, со цел дел од просторот да се преадаптира и приспособи за потребите на центрите кои тука ќе функционираат. Ова денеска го потврди градоначалникот Славчо Чадиев.
Според Деталниот урбанистички план просторот каде се наоѓа старата театарска зграда треба да добие сосема нов лик. Градоначалникот најави и тргање на времените објекти кои се наоѓаат таму а на нивно место изградба на нови дуќани. За целокупниот нов лик ќе придонесе и реконструкцијата на автобуската станица./Д.С

