АМСМ: Внимателно возете на патните правци Маврово – Дебар и Дреново – Прилеп

Објавено: 26 февруари, 2015, во 07:35 часот

Според информациите добиени во АМСМ од ЈП “Македонија пат“ сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. На патниот правец Дреново-Прилеп, на 1,5км. после бензинската пумпа, има нанос од кал на дел од едната коловозна лента во должина од 5м.за што е поставена содветна сигнализација. На патниот правец Маврово – Дебар поради одрон кај село Сенце сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 12м.

Магла со видливост до 100 метри има на во Охрид.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.