Се чисти снегот и се одржуваат проодни патиштата во кавадаречко

Објавено: 9 март, 2015, во 10:23 часот

Честите врнежи од дожд и снег продолжуваат да го зголемуваат водниот талог во почвата. Информациите од метеоролошката станица во Кавадарци говорат дека во последните четири дена водниот талог е зголемен за 43 л/м2.

Во градот се формира и снежна покривка од 3 см, додека на Кожув има нова снежна покривка од 20-тина см. ВoМихајлово и Рожден наврнаа од 30 до 50 см.

Патиштата во селата од поткожувјето се проодни. Менахнизацијата на „Јами“-службата за зимско одржување на улиците и локалните патишта интервенирала во два наврати. Потрошени се 18 тони ризла и 6 тони сол на патните правци Ресава-Бегниште и во поткожувјето на патот Конопиште-Михајлово и Мрежичко – Рожден.

Од УХМР стигнува прогноза дека во среда и четврток ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, а во четврток не се очекуваат нови врнежи./A.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.