Растечки камења
Објавено: 18 март, 2015, во 08:24 часот
Романија не е само земјата на Даракула туку и на еден природен феномен што ги привлекува љубителите на мистерии од целиот свет. Во централните подрачја на Романија се појавуваат камења што растат сами од себе.
Камењата што Романците ги нарекуваат трованти се во форма на сфера и по дождливите периоди можат да пораснат од 8 милиметри до 10 метри.
Научниците причината за оваа појава ја гледаат во минералните соли скриени под песочната обвивка на камењата. Во допир со вода, елементите се шират и се добива впечаток дека каменот расте.
И покрај рационалните научни објаснувања, многу трагачи по мистерии во камењата што растат бараат други алтернативни одговори.
