Ја шверцувал сопругата во куфер

Објавено: 18 март, 2015, во 07:41 часот

60 годишен Французин е фатен во обид да ја прошверцува сопругата во куфер на железнички премин помеѓу Полска и Белорусија.

Огромниот куфер што го носел ги изненадил граничарите кои во него пронашле 30 годишна русинка.

Жената која му била сопруга на французинот од куферот излегла жива и здрава без никакви проблеми.

За жал шверцерот од Франција не знаел дека неговата сопруга слободно може дa влезе во Шенген зона.

Да си патувале нормално, никому ништо, вака поради обид за шверц брачниот пар ризикува и до три години затвор.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.