Освежување за телото

Објавено: 18 март, 2015, во 08:56 часот

Лишувањето на телото од доволни количини на вода го зголемува ризикот од таложење на солта и создавање на камења во бубрезите. Исто така недоволното пиење на вода може да доведе до пореметувања на менталните функции, тегоби во варењето и проиблеми со срцето.

Ако ви е здодеано од пиење вода и сакате да се напиете нешто здраво и вкусно можете да си напоравите напиток од ѓумбир.

Во 2 литри вода ставете 1 лажичка изрендан ѓумбир, 1 свежа краставица, 1 лимон и 12 листови мента.

Овој освежителен пијалак ќе ви ја врати енергијата и младоста.

Ако пак сте љубители на медот, растопете една лажица мед во млака вода и ќе добиете раствор што ќе ви го ревитализира целиот организам.

Најдобро е медената вода да ја пиете наутро и навечер пред спиење.

 

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.