Се одржа „Тур де Велес“, екологистите од локалната власт повторно ја побараа ветената велосипедска патека

Објавено: 21 март, 2015, во 15:17 часот

Tриесетина ученици од основните училишта во градот со своите велосипеди направија еден круг во центарот на Велес и го означија почетокот на пролетта и деновите на екологијата. Времето им беше наклонето но не и надлежните институции кои со години остануваат глуви на нивното барање, да се обезбедат услови за сигурно возење со велосипед, односно да се направи велосипедка патека во градот.

Но младите велешани не се откажуваат, од годинешниот велосипедски крос уште еднаш побараа безбедни услови за возење велосипед.

„Јас се приклучив на денешниот велосипедски кроз затоа што могу сакам да возам велосипед, но не се чувствувам безбедно додека возам, бидејќи нема обележано место за велосипеди,“ рече велосипедист

„Возењето велосипед е здраво, редовно возам, но секогаш морам да внимавам бидејќи нема велосипедска патека во градот. Би било добро кога ќе има таква патека и ние велосипедистите ќе можеме сигурно и безбедно да се возиме,“ рече велосипедистка.

Организатор на велосипедскиот крос „Тур де Велес“ е еколошкото друштво „Вила Зора“.

„Преку велосипедскиот крос сакаме да влијаеме да се подобрат условите за возење пред се за децата. Мислам дека е време надлежните да подразмислат малку повеќе да обезбедат безбедни услови за возење. Во градот не е сигурно возењето велосипед за возрасните а камоли за децата. Ги учиме дека треба да возат велосипед а не им даваме каде тоа безбедно да го прават“, рече претседателот на ЕД Вила Зора д-р Ненад Коциќ.

Освен апелот за велосипедска патека, децата испратија уште една порака до јавноста, што почесто да се користи велосипедот како превозно средство, бидејќи е најеколошко, економски најисплатливо и најздраво./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.