Малиот Меркур, кој се смалува, е планетарен вселенски чудак
Објавено: 26 март, 2015, во 10:20 часот
Меркур е многу повеќе од мртво, печено парче камен. Фактички, најмалата планета во Сончевиот систем е многу пожива отколку што се мислело некогаш. Не во контекст дека нешто живее таму, иако научниците не се оградуваат дека некои од длабнатините и шуплините на Меркур може да помогнат во разбирањето на настанокот на живот на Земјата – особено вечно засенетите кратери на Северниот пол, во кои можеби се наоѓаат некои органски материи, и значителни количини на вода и покрај нејзината близина до Сонцето.
„Иако Меркур не се наоѓа во појасот погоден за живот на нашата ѕвезда, тој е сведок за пренесување на животните компоненти од надворешноста кон внатрешноста на сончевиот систем,” изјавуваат научниците. „ Меркур мора да е вклучен во проучувањето што доведува една планета да е погодна за живот”
Да бидеме начисто, никој не мисли дека постојат било какви микроорганизми на Меркур. Напротив, научниците размислуваат околу тоа како ние ја гледаме првата карпа во сончевиот систем. Многу долго време, се сметаше дека Меркур е реликт, стагниран свет, кој е непроменет со еони и еони.
Научно е докажано дека Меркур, како и други објекти од Сончевиот систем, вклучувајќи ја и нашата Месечина, се далеку од „мртви“. Има многу случувања, и внатрешно и површински.
Познато е дека планетата е тектонски активна, што придонесува да огромна разновидност на материјали е распослана по површината, и недамнешни формирања на интересни појави.
Новите податоци доаѓаат од вселенското летало на НАСА, MESSENGER Spacecraft, кој орбитира околу Меркур од 2011г, а доколку се е по план, неговата мисија ќе заврши во Април годинава, кога леталото ќе остане без гориво и ќе се урне на планетата. Досега, леталото се повеќе и повеќе тоне кон површината на Меркур, собирајќи слики со висока резолуција и други податоци од околу 15км од кратерската површина.
Покрај се MESSENGER неодамна проучуваше мистериозни формации на површината познати како шуплини. Ги има илјадници, со големина од неколку метри до неколку километри. Во најпрвите фотографии изгледаат како светли дамки, шуплините се депресии со рамно дно, кои се спротиставуваат на лесно објаснување. Засега мислењето на научниците е дека шуплините се формирани кога нестабилни материјали – најверојатно соединенија на сулфур – тонат под површината на Меркур, причинувајќи површината да тоне и до неколку метри.
Доказите насочуваат дека шуплините се формираат кога некои компоненти од карпите исчезнуваат кога се изложени на суровите услови на површината на Меркур.
И тоа не е се. Некои од шуплините се врежани во инаку кратерскиот терен, но изгледаат како да го избегнале „бомбардирањто“, укажувајќи на нивната старост.
Судири со вселенски објекти се сличуваат често по целата површина на планетата. Отсуство на кратери во шуплините значи дека тие се многу млади во геолошка смисла, најверојатно неколку десетици милиони години, а можеби се формираат и во денешно време.
Повеќе податоци за активноста на планетата доаѓаат од релјефните форми кои наликуваат на набори, наречени „брчки“, и падини наречени „пукнатини“. Овие нерамнини се формираат затоа што Меркур се смалува. Како што неговото јадро се лади и се смалува, причинува да материјал од површуната на планетата тоне кон нејзиниот центар; новите податоци од MESSENGER откриваат доста мали, навидум нови брчки и пукнатини кои претходно не беа на тие места.
Овие мали формации се интересни затоа што ни покажуваат дека нови неправилности се формираат на Меркур, како резултат како резултат на најновата фаза на ладење на внатрешноста, укажувајќи дека тие се толку млади, што најверојатно се формираат денес.
Со пресметки и мерења на неправилностите, Меркур во својот животен век од околу 4,5 милиони години се има смалено за 10 километри – сметаат научниците.
И ќе продолжи да се смалува како што постепено се лади.
Но не сите чуда на површината на Меркур се видливи со око. Некои мораат да бидат истражувани со помош на инструменти кои можат да го одредат хемискиот состав на карпите на површината на планетата. Кога неодамна MESSENGER изврши вакви испитувања, откриено е дека има богата лепеза на неочекувани елементи расфрлани по површината.
Исто така леталото проучи податоци кои што укажуваат на масивен судир со друго вселенско тело. Тој доказ е во форма на масивна површина богата со магнезиум, што може да биде објаснето само како ударното тело, врши масивно ископување на магнезиумот кој во нормални услови би бил скриен под површината.
Последно откритие се огромните кратери на северниот пол, кои се во вечна сенка. MESSENGER откри вода во форма на мраз во 2012, а новите испитувања покажуваат значителна количина на органски соединенија на површината на тој мраз. Моментално MESSENGER актовно ги проучува тие кратери, помагајќи им на научниците да откријат што поточно се наоѓа таму.
Карактеристики на површината на тој мраз укажуваат на прашина богата со јаглерод во форма на органски соединенија. Остра граница се забележува помеѓу темните органски површини и неорганскиот мраз, што е уште еден доказ дека Меркур не е толку мирен.
Нештата не туку така остануваат јасно одделени едни од други, овој материјал е многу млад – овој материјал е или неодамна дојден на Меркур, или се обновува и оддржува.”/ T.T
