Одложен почетокот на повтореното судење на др Ставриќ

Објавено: 7 април, 2015, во 10:44 часот

Неуредно доставената судска покана го одложи повторувањето на судската постапка за земање поткуп против офтамологот Дејан Ставриќ.

Според судот, откако скопска Апелација ја поништи првостепената пресуда од една година затвор, денеска во Основен суд Скопје 1 требаше да започне судењето. На одлуката на Апелација не се имаше пожалено јавното обвинителство, туку само се согласиле со одлуката на судот. Пресудата ја обжали токму обвинетиот Ставриќ.

Офтамологот беше обвинет дека примил поткуп од 2000 евра, посредувајќи за доделување инвалидска пензија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.