Како да излечите воспаление на грлото и ангина за еден ден
Објавено: 8 април, 2015, во 09:10 часот
Цвекло
Упте еден проверен,едноставен но многу ефикасен рецепт на руската тардиционална медицина за лечење на воспаление на грлото и крајниците.
Рецепт за лечење на воспаление на грлото,крајниците и ангина.
Потребно ви е :
1 големо цвекло
9%- алкохолен оцет
Изрендајте го цвеклото ситно на ренде.На 250 гр.изрендано цвекло додадете една супена лажица оцет( на 500 грама-2 супени лажици). Измешајте и оставете да отстои 15-20 минути. Добро исцедете низ газа или пластична цедалка.Остатокот од цвеклото фрлете го.
Плакнете го редовно грлото,на секои 2-3 часа(можете и да голтнете за подобар ефект) и резултатот нема да изостане.
На овој начин цвеклото успешно го лечи хроничното восплаение на грлото и гнојната ангина.
