Промени на Фејсбук

Објавено: 23 април, 2015, во 10:21 часот

Фејсбук воведува три големи промени во функцијата на насловната страница (News Feed), а промената на алгоритамот ќе придонесе за значаен пад на посети и активност на фан страните.

Повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници. Сепак од Фејсбук соопштено е дека процесот на воведување на трите големи промени веќе е започнат, а резултатот ќе се манифестира со значаен пад на активноста на фан страните, пренесува Бизнис Лидер.

Ова се трите промени кои се воведуваат:

– Корисниците на Фејсбук ќе можат да видат повеќе од една објава од истиот извор на насловната. Предходниот алгоритам тоа не го дозволувал.

– Ќе се воведе алгоритам кој ќе направи приорет на содржините објавени од вашите пријатели во однос на објави објавени од фан страни.

– Објавите кои вашите пријатели ги коментирале или лајкувале нема да бидат како досега видливи. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.