Стотина македонски граѓани учествувале на боиштата во Сирија и Ирак

Објавено: 29 април, 2015, во 14:30 часот

Стотина македонски државјани учествувале на боиштата во Сирија и Ирак, а 15 од нив досега загинале во последните две ипол години – покажуваат оперативните информации на Министерството за внатрешни работи.

„Она што најмногу загрижува е опасноста, џихадистите по нивното враќање да бидат инволвирани во терористички активности во своите земји, во земјите на транзит или во трети земји, но загрижува и фактот што овие лица се инволвираат и во процесите на индоктринација, радикализација, регрутирање и испраќање нови борци“, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на конференцијата посветена на феноменот на странските терористички борци, која се оддржува во Белград.

Според Јанкулоска, соочени со овие безбедносни ризици, земјите од регионот, вклучувајќи ја и Република Македонија постојано ги надградуваат своите нормативни и институционални капацитети и превземаат неопходните мерки за поголема контрола на границите, идентификација на потенцијални терористи и прекин на нивното финансирање.

Инаку, во рамки на конференцијата предвидено е министерката да оствари билатерални средби со нејзиниот српски колега, Ненад Стефановиќ, како и со заменикот министер за внатрешни работи на Бугарија, Филип Гунев.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.