Средношколците од Скопје и Охрид кампираат заедно
Објавено: 29 април, 2015, во 14:41 часот
Средношколците од Охрид, денес им се придружуваат на своите врсници од Скопје, па тие заеднички ќе кампираат во Паркот на новинари, спроти зградата на Министерството за образование и наука.
Во Скопје пристигнуваат повеќе од 100 ученици од трите средни охридски училишта. Средношколскиот пленум на учениците од Охрид се договорил со нивните другари од Скопје патните трошоци да бидат поделени на половина.
