Втор ден жалост во Македонија

Објавено: 11 мај, 2015, во 07:08 часот

Во Македонија денеска е вториот ден на национална жалост за осумтемина загинати полицајци во акцијата против вооружени лица во Куманово.

Знамињата се на половина копје додека сите спортски и политички собири се откажани.

Денеска во 18 часот во Скопје со свеќи во рацете, во црна и бела облека како симбол на тага по загинатите полицајци, граѓаните и активистите кои неколку денови протестираат во Скопје ќе се соберат пред владата.

Најавено е дека притоа ќе соопштат единствена порака која ќе ги обединува сите, а ќе допре до политичарите кои ја водат државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.