Изложба на Државен архив во Велес

Објавено: 20 мај, 2015, во 12:54 часот

„Обединети сме посилни“ е насловот на изложбата на Државниот архив и општина Велес поставена во ликовниот салон. Повод за изложбата е одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот. Фотографиите и плакатите на изложбата ги обезбеди тим на истражувачи на Државниот архив , дел од нив се на архивот и дел од интернет. Освен во Скопје и во Велес, изложбата ќе биде поставена и во други градови низ државата.

„Секаде каде што ќе постои желба и потреба ние ќе ја праќаме оваа изложба бидејќи историјата се повторува а ние ќе се потрудиме да не се повтори како фарса“, рече в.д. директорот на Државен архив на Република Македонија Филип Петровски.

„Пред присутните а особено пред учениците цениме дека ќе предизвика интерес самата изложба бидејќи се поставени фотографии од времето на втората светска војна и плакати односно пропаганден материјал кој што предизвикува интерес во јавноста. Затоа што како тогаш и денес освен војната на бојното поле се водела и пропагандна војна, кој ќе ја добие таа војна ја добива и војната на теренот, рече директорот на Државен архив Велес, Слободан Ников.

Прв пат изложбата била отворена во главниот град, каде свое видување и излагање за тој историски период имале амбасадорите на Русија и Британија, земјите кои го победија фашизмот./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.