Се избира нов претседател на ФИФА
Објавено: 29 мај, 2015, во 09:38 часот
209 членови на ФИФА се подготвуваат да гласаат за нов претседател на нивниот конгрес во Цирих, во услови на голем корупциски скандал.
Сеп Блатер бара петти мандат. Негов единствен противкандидат е принцот Али бин Ал-Хусеин од Јордан.
Гласањето следи два дена откако беа уапсени седум високи официјални претставници во Цирих во истрага за измама. САД покрена обвинение против 14 лица.
Блатер се соочува со повици да се повлече, но тој вели дека не е одговорен за скандалот и е фаворит за победа.
И 79-годишниот Блатер, и 39–годишниот принцот Али, ќе имаат 15 минути за да се обратат на делегатите. Секоја од земјите-членки со 209 делегати може да гласаат. Македонската делегација соопшти дека ќе го следи ставот на европската фудбалска асоцијација УЕФА, чиј претседател Платини, отворено побара оставка од Блатер и ја поддржа кандидатурата на принцот Али.
Во првиот круг, кандидатот треба да добие две третини од гласовите за да победи во првиот круг или 140 гласови.
Ако тоа не се случи, ќе има втор круг бара просто мнозинство и покрај тоа што има само двајца кандидати.
