Совети за подобро здравје!
Објавено: 3 јуни, 2015, во 10:08 часот
Нарендајте зелка. Една студија во 2002 година покажа дека сулфорафан, една од главните состојки на зелката ја уништува бактеријата хеликобактер пилори, главен предизвикувач на чир на желудникот и цревата, но iго спречува растот и на веќе постоечките чирови. Со само 34 калории по порција, зелката не снабдува со потребните 75 проценти од дневната доза на витамин Ц.
Не можете да спиете?
Вечерајте мисирка. Едно парче од 100 грама мисиркино месо ги содржи речиси потребната дневна доза на триптофан (амино киселина,која помага во производството на серотонин и мелатонин, хормон кој го регулира спиењето). Истражувањата покажуваат дека луѓето кои страдаат од несоница имаат недостаток на триптофан во организмот.
Премногу кашлате?
Медот ќе го реши проблемот. Како што покажуваат студиите на Државниот универзитет во Пенсилванија, две лажици густ, темен мед многу поефикасно ја смируваат кашлицата отколку стандардните сирупи. Антиоксидантните и антимикробните супстанци од мед го смируваат воспаленото и иритираното ткиво во грлото.
Ве мачат хемороиди?
Почестете се со смокви. Три грама скапоцени влакна од четири суви смокви ќе ви помогнат да имате мека и редовна столица. Ако редовно ги јадете, нема повеќе да имате проблеми со хемороиди. Смоквите исто така ви обезбедуваат и 5 проценти од дневните потреби на калиум и 10 отсто манган.
Се чувствувате уморни?
Пијте сок од портокал. Чаша сок од портокал содржи оптимална количина на овошен шеќер – фруктоза, додека витамин Ц ги уништува штетните ефекти на слободните радикали и игра главна улога во метаболизмот на железото кој му помага на телото да “впумпа” кислород во крвотокот.
