Редовно вработени шестмина музејски работници во Музеј Галерија Кавадарци

Објавено: 3 јуни, 2015, во 14:17 часот

Шестмина вработени во музеј галерија Кавадарци денеска добија решенија за редовен работен однос. Конечно нивното вработување е решено, откако во изминативе две и повеќе години беа времено ангажирани во музеј галеријата.

Градоначалникот на општина Кавадарци денеска на свеченост им ги предаде решенијата и им го честита трансформирањето на работниот однос.

„Ви посакувам успешна работа и се надевам дека ќе одговорите на предизвиците, а тоа е зачувување на културното наследство во општина Кавадарци“ рече Панов./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.