Виновата лоза во добра здравствена состојба

Објавено: 8 јуни, 2015, во 13:52 часот

Лозарите се ангажирани на редовна заштита на виновата лоза од болести и штетници. Стручните лица нагласуваат дека само навремена и квалитетна заштита може да даде добар и квалитетен род.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Кавадарци информираат дека по направените согледувања на терен оценката е дека виновата лоза е во добра и стабилна здравствена состојба и има одличен вегетативен прираст.

„Засега нема  појава на најчестите габични болести во лозарството, пепелница и пламеница,  што се должи на стабилното и суво време во текот на мај и не постоењето услови за развој на овие болести кои предизвикуваат најголеми штети“велат  од агенцијата и додаваат дека во поедини реони имало присуство на пајажинести запредоци од гроздови молци.

Поради нестабилното време во овој период стручњаците препорачуват  задолжително користење на инсектициди против сивиот и жолтиот молец./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.