Заев потврди присуство на средбата во Брисел

Објавено: 9 јуни, 2015, во 12:07 часот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан, соопшти неговата партија, јави Радио Слободна Европа.

Според СДСМ, искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, формирање влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза. Од СДСМ наведуваат и дека очекуваат принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.