Град и дожд го столчи Велес
Објавено: 10 јуни, 2015, во 14:30 часот
Врнеше само петнаесеттина минути попладнево во Велес но врнежите беа обилни и проследени со град, со големина како пинг понг топче. Освен во вентралното градско подрачје градот паѓаше и во населбите Шорка, Речани како и во Башино село. Првичните информации од градинарите се дека имаат штети на нивите со рано градинарски култури.
Поради немање на атмосферска канализација од дождот и градот се наполнија улиците во Велес. Тоа им создаде проблем на возачите додека граѓаните се криеја под стреите и чекаа да преврне./ У.Ј





