Дали путерот е здрав за вас ?

Објавено: 22 јуни, 2015, во 09:01 часот

Многумина веруваат дека путерот дебелее и дека нема здравствени бенефиции. Но можеби ќе ве изненади сознанието дека вкусниот путер има многу здравствени предности.

Го поттикнува вашето расположение

Путерот содржи селен кој ги смирува нервите и го опушта уморното тело. Ако се чувствувате тажно или депресивно изедете некое мрсно јадење..

Добар за срце

Во однос на маргаринот путерот е добар за вашето здравје на срцето. Тој не содржи транс масти. Богат извор е на витамин К кој ја разредува крвта .

Добар за штитната жлезда

Путерот содржи витамин А кој е потребен за правилна работа на штитната жлезда. За да ја избегнете нејзината неправилна работа,јадете путер.

Го подобрува сонот

Го смирува расположението,го поттикнува сонот и ги опушта умот и телото. Супата со путер делува релаксирачки за уморното тело.

Храна за плодност

Ова е една здравствена предност на путерот која многумина не ја знаат. Ја зголемува телесната топлина и ја поттикнува работата на полните хормони кај мажите и жените.

Добар за кожата

Исто така се користи и за разубавување. Ја навлажнува кожата,ја омекнува и го спречува нејзиното стареење.

Борба против рак

Содржи антиоксиданси кои ги убиваат клетките на ракот во телото. Освен тоа содржи заситени масти кои имаат силни антиканцерогени својства.

Здрави коски

Една од здравствените предности на путерот е дека содржи витамин Д кој ги зајакнува коските. Витаминот Д ја зголемува апсорпцијата на калциум во телото.


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.