Кривична за малолетникот што ја запали палмата во Велес
Објавено: 2 јули, 2015, во 14:27 часот
Кривична пријава заработи 15 годишниот малолетник од Велес што на 12 минатиот месец ја запали палмата во Младински парк, информираат од СВР Велес. Тогаш момчето кое било во друштво со уште неколку другарчиња, од радозналост со запалка ја запалило кората на палмата.
Брзата интервенција на територијалната противпожарна единица спречила огнот да се прошири и на останатите дрвја. Родителите заедно со малолетникот биле повикани на информативен разговор во полициската станица. Според проценките направена е материјална штета од 500м евра, колку што чини една палма./Д.С


