Закажано првото рочиште за „Пуч“ против обвинетите Заев и Верушевски

Објавено: 3 јули, 2015, во 14:43 часот

На 5-ти август е закажано првото судско рочиште за случајот „Пуч“ во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се товари за насилство спрема високи државни органи. Предметот и е доделен на судијката, Љубинка Башевска, а обвинители се Златко Биковски и Лиле Стефанова, пишува Локално.

Обвинителството товари пет лица, а првообвинет е поранешниот директор наУБК, Зоран Верушевски. Покрај него се товари и Ѓорѓи Лазаревски, , Соња Верушевска, и Бранко Палифоров,

Заев пред два дена изјави дека не го признава правосудството и дека во иднина, во знак на бојкот, нема да се појавува на рочиштата. На органите им порача да дојдат во седиштето на СДСМ да го уапсат.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.