Еднократна помош за семејствата чии куќи изгореа во пожарот од удар на гром

Објавено: 9 јули, 2015, во 14:07 часот

Едногласно советот на општина Кавадарци денеска јаувои одлуката да им се исплати еднократна парична помош на семејствата чии домови настрадаа во пожар по удар на гром.

Оваа точка од дневниот ред на 32 седница на советот беше и повод за прашање од советникот Зоран Бањански до градoначалникот,  дали бил задоволен од интервенцијата на територијалната противпожарна единица Кавадарци,  при гасењето на пожарот на трите објекти кои беа опожарени по удар на гром, бидејќи меѓу кавадарчани се ширеле гласини околу нивната ефикасност. Потоа следеше подолга дебата околу ова тема.  Градоначалникот им се заблагодари јавно на сите што помогнаа да се локализира и угаси пожарот, но нагласи и дека постоела доза на незадоволство за што веќе тој започнал процедура да се испита делувањето на ТПЕ Кавадарци.

 

„Има доза на незадоволство од интервенцијата на кавадаречката противпожарна единица. Дел поради старосната структура на пожарникарите. Има субјективни пропусти  и доколку се утврди дека има поголеми пропусти и субјективност ќе следуваат и казни“ рече Панов.

Од име на семејствата кои се оштетени од пожарот за укажаната помош се заблагодари советничката Јасминка Крства, чија куќа исто така беше опожарена. Таа потенцира дека пожарникарите и сите што учествувале во гасење на пожарот дале се од себе, ризикувајќи си ги и животите за да се изгасне пожарот што побрзо./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.