Водата во градскиот водовод исправна но не и во селските водоводи во велешко

Објавено: 9 јули, 2015, во 14:26 часот

Високите температури засега не предизвикуваат проблеми околу водоснабдувањето во Велес. Во градската водоводна мрежа деновиве ЈКП „Дервен“ насочува од 150 до 180 литри вода во секунда. Граѓаните не се жалат на квалитетот додека од комуналното претпријатие велат дека водата е квалитетна и во моментов ги задоволува потребите на градот со приградските населби. Засега нема поплаки ниту од жителите од Горно Оризари, кои водата не само за пиење туку ја користат и за наводнување на земјоделски култури.

„Дервен“ редовно врши контрола како во сопствената лабараторија така и во лабараторијата на Центарот за јавно здравје во Велес. Според директорот д-р Флора Шурбановска квалитетот на водата во градскиот водовод секојдневно се контролира и резултатите се добри.

И покрај пеколните температури нема секнато ниту една чешма меѓутоа во сите селски населби на територијата на старата општина , според извршените испитувања, водата не е исправна. Доколу продолжат високите температури повеќе селски чешми и бунари може да го намалат нивото , а со тоа уште повеќе може да се влоши квалитетот на водата за пиење.

Во акумулацијата на Хидросистемот „Лисиче“ има доволни количества па затоа велешани не треба да стваруваат од недостиг на вода. Проблем може само да имаат жителите од селските населби. Од „Дервен“ велат дека доколку се јави проблем од недостиг на вода тие се подготвени за граѓаните да вршат дотур со цистерни.

Но она што е особено важно во моментов е апелот на ЈКП „Дервен“ во кој апелираат граѓаните рационално да ја користат водата за пиење и да не ја расфрлаат./С.А

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.