Што е живот?

Објавено: 18 јули, 2015, во 07:25 часот

„Продолжи, држи се, кружи околу својот живот како пес околу кочијата на својот господар. Работи го она што го сакаш. Запознај ја својата коска, глодај ја, закопај ја, откопај ја, но и понатаму глодај ја.

Колку и да бил лош твојот живот, пресретни го и живеј го; не избегнувај го и не нарекувај го со погрдни имиња. Тој не е толку лош како тебе. Тој изгледа најсиромашен кога ти си најбогат. Ситничарот и на рајот ќе му замери. Сакај го својот живот колку и да е тој сиромашен. Понизноста како светлоста, го разоткрива небесниот сјај. Прекумерното богатство може да купи само непотребни работи. Парите не се потребни за да се купи она што ѝ е неопходно на душата.”

Хенри Дејвид Торо

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.