Голем пожар и се заканува на велешката населба Отовица
Објавено: 20 јули, 2015, во 14:46 часот
Гори борова шума во близина на населбата Отовица во Велес. Постои опасност да бидат зафатени и куќите во населбата. Пожарот избувнал попладнево околу 14.45 часот на патот што води кон езеро Младост, пред населбата на местото викано „Уши“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарникарите од велешката противпожарна единица се на лице место и се обидуваат да го локализираат пожарот. Од центарот велат дека засега не се знае колкава површина од боровата шума е зафатена од огнот, но дека има опасност да се прошири и до населбата односно до куќите. Од опожареното место се уште се шири чад во градот./Д.С


