Коцките мраз можат да бидат опасни!

Објавено: 24 јули, 2015, во 09:01 часот

Во апаратите за лед се кријат многу „загадувачи“ кои можат да направат здравствени проблеми.  Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во ледот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици врз здравјето може да има нивната долгорочна  консумација па затоа е потребно ледот да се третира на вистински начин.

Во апаратите за лед се акумулираат бактерии. Тие ја загадуваат водата во текот на процесот на замрзнување и создавање на ледот. Ледоматот воглавно се третира како останатите кујнски апарати  и не се чистат поради предрасудите дека не се валкани. Меѓутоа, тоа е грешка и дека им требаат редовни третмани на чистење.

Најголемиот виновник за загадувањето на ледот е мувлата. Иако минусните температури не поттикнуваат создавање на мувла, може да дојде до таков проблем ако ледоматот  често се гаси. Тогаш доаѓа до топење, до собирање на влага и на крај до создавање на мувла. Ледоматите задолжително треба да се исчистат пред употреба , особено ако долго време биле надвор од употреба.

Бактериите ги сакаат и лопатките за лед. Ако келнерот ја допира лопатката за лед се немиени раце и потоа ја врати во ледоматот, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот и одат директно на ледот. Истот  важи и за домашната подготвка на лед. Секогаш измијте ги рацете пред да го вадите ледот од садот за замрзнување. Микробиолозите предупредуваат дека ледот може да стане опасен извор на зарази и затоа со него треба да се биде внимателен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.