Сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Скопје во близина на Велес

Објавено: 24 јули, 2015, во 13:45 часот

Без повреди поминал шоферот на мерцедесот со скопски регистарски табличк, во сообраќајната незгода што се случила попладнево на автопатот Градско-Скопје. На два километри од мотел Македонија, околу 14.30 часот се случила сообраќајката, кога скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се истумбал. Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.

Од истекувањето на бензинот автомобилот се запалил, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош. Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен и освен материјална штета, за среќа, нема повредени.

Увидна екипа на СВР Велес се уште е на лице место на несреќата и ги утврдува причините за сообраќајката./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.