Канческа-Милевска: Ќе продолжи подршката за институциите од културата во Кавадарци
Објавено: 28 јули, 2015, во 12:56 часот
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска денеска беше во посета на Кавадарци. Во домот на културата „Иван Мазов Климе“ имаше можност да ја согледа реконструкцијата како и новите 260 седишта кои се заеднички проект на министерството и општината.
,, Оваа инвестиција чинеше околу 1,5 милион денари и овој значаен проект се реализираше благодарение на заложбите на министерството за култура и локалната самоуправа. Но ние не застануваме тука и понатаму ќе продолжиме со инвестиции. Домот доби и уште една нова кино сала со 3Д проекција, а се реши и греењето во салата. Преку министерството се обезбеди и техничка и светлосна опрема за домот како впрочем што направивме и во други културни институции во државата. Се уреди и галерискиот простор во кој се организираат голем број на меѓународни и домашни изложби“,Канческа-Милевска.
Градоначалникот Александар Панов рече дека многу пати досега се имало слух за културните потреби на кавадарчани. Се поддржуваат проекти на домот на културата, музејот и градската библиотека.
„Сега можам слободно да кажам дека Кавадарци има три културни институции кои имаат европски лик. Следува инвестирање во сцената и зад сцената во домот на културата, повторно ќе обезбедиме по половина од потребните средства заедно со министерството“ рече Панов./А.Д


