Иселениците незадоволни од нивните пратеници

Објавено: 30 јули, 2015, во 07:30 часот

Македонците кои живеат во странство стравуваат дека доколку на предвремените избори во април се одложи нивното право на гласање потоа може да го изгубат за секогаш. Но признаваат дека се неопходни реформи кои може да се спроведат до април. Александар Митрески кој живее во САД, вели дека е изненаден од фактот што се трошат над милион евра за организирање на изборот на тројца пратеници од дијаспората, јави Телма.

Митрески бара кога се носат овие одлуки да се има предвид дека се работи за македонски државјани кои моментално живеат во странство и не ги раскинале врските со Македонија. Многу од нив масовно ја напуштија државата последните години.

Но многу иселеници не се  задоволни од тројцата пратеници кои ги претставуваат и во актуелниот и во претходниот состав на Собранието. Претседателот на Македонската православна заедница во Австралија Игор Аврамовски Александров вели дека воопшто не водат грижа за нивните , а се доведува во прашање и нивниот кредибилитет со оглед на тоа што се избираат со исклучително  малку гласови, што е најизразено во Австралија.

Изборот на пратеници од дијаспората не е најголемиот проблем, туку целиот изборен модел, велат иселениците. Тој се залага за промена што ќе овозможи децентрализирано и поконсензуално владеење.

Извор: Телма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.