Во сила законските измени за укинување на придонесите за хонорарците
Објавено: 1 август, 2015, во 09:27 часот
Од денеска стпуваат на сила законските измени со кои се овозможува укинување на плаќањето придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонорарци .
Лицата кои оствариле приходи по основ на извршена физичка или интелектуална работа од договор за дело или авторски договор или друг вид договор нема да плаќаат придонес за пензиско и здравствено осигурување.
Ваквото решение, според Владата, уследило по анализите кои покажале дека неколку мерки што во меѓувреме ги спроведоа ги исцрпеа ефектите што сакаа да се постигнат.
