Почна изградбата на Панорамското тркало

Објавено: 5 август, 2015, во 13:32 часот

Панорамското тркало по неколкумесечна пауза почна да се гради со поставување на неговите темели, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“.

За изведба на Панорамското тркало како дел од проектот „Скопје 2014“ се издвоија 18,3 милиони евра.

Тркалото ќе има дијаметар од 57 метри и ќе биде високо 73 метри. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми.

Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан.

Рокот за изведба е пет години. Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.