Со мед до убаво лице
Објавено: 18 август, 2015, во 13:02 часот
Наместо скапи козметички производи, користете мед за убавина на своето лице. Многу добро се познати здравите и хранливи состојки на медот кои имаат чудесни ефекти не само за здравјето туку и за нега на лицето.
Кои се најважните придобивки на медот кога кожата е во прашање?
1.Медот е идеален за лицата со сува кожа. Неговите состојки ја хидрираат кожата, давајќи ѝ ја потребната влажност. Едноставно нанесете тенок слој на лицето и вратот, оставете да дејствува десетина минути и исплакнете со млака вода.
2.Антибактериските својства кои ги содржи го прават медот одличен борец против акните. Нанесете сосема мало количество мед на местата каде имате акни, оставете да дејствува 15 минути, па нежно исплакнете. Секојдневното третирање на акните на ваков начин, ќе даде неверојатни резултати. Истата постапка може да ја примените и за флеки на кожата.
3.Кажете им збогум на скапите креми против стареење. Медот ја подмладува кожата, успешно се бори против брчките и го спречува влијанието на слободните радикали кои ја стареат кожата.
4.Благодарение на антиоксидансите и некои други својства, медот ја штити кожата на лицето, помага за лечење на осип, рани и инфекции.
5.Медот е вистински извор на хранливи материи. Доколку го нанесете на кожата, таа се храни и регенерира, а резултатот ќе биде здрава и „среќна” кожа.
