Работните групи во текот на денот ќе договараат избор на специјален Јавен обвинител

Објавено: 21 август, 2015, во 08:45 часот

Преговарачките тимови денеска треба да се договораат за избор на специјален Јавен Обвинител. Претходно, партиите ќе треба да достават свои предлози за конституирање на Јавниот обвинител, јави 24 Вести.

Според договорот од Пржино, Обвинителот треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието.

Спротивно на очекувањата и најавите за конечно постигнување договор на работните групи за спроведување на договореното од Пржино, вчерашната средба заврши без успех.

По три часа преговори зад затворени врати, преговарачките тимови на четирите најголеми партии си заминаа без изјави за медиумите, како и во претходните денови.

Единствената информација од извори од работните групи е дека ќе продолжат да преговараат околу деталите за клучните прашања, Избирачкиот список, составот и надлежноститие на ДИК и гласањето на дијаспората.

 


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.