Една жртва на сообраќајка ноќеска во Радовиш
Објавено: 22 август, 2015, во 10:07 часот
Педесет и седумгодишен радовишанец го загубил животот во сообраќајка која се случила во 1 часот по полноќ денеска во Радовиш, соопшти МВР.
Автомобилот „фолксваген“ со кој управувал Трајчо Ј. (57) од Радовиш на раскрсницата на бул.„А.Македонски“ и ул.„Шампионче“ во Радовиш имал судир со автомобил „ауди“, зад чиј волан бил 27-годишниот Д.Р. од Радовиш. Повредениот Трајчо бил првин пренесен во Здравствен дом Радовиш, од каде е препратен во Клиничката болница во Штип, но починал на пат.
Јавен обвинител наредил врз телото да се изврши обдукција. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица – Радовиш.
Извор: Плусинфо.мк

