Западен Балкан ја победи ЕУ ,Груевски даде два гола
Објавено: 27 август, 2015, во 07:57 часот
Премиерот Никола Груевски постигна два гола, а асистираше при реализација на другите два гола на натпреварот кој доцна вечерва се одигра во австрискиот главен град Виена помеѓу екипите на Западен Балкан и ЕУ кој заврши со резултат 4:2.
На натпреварот играа претседателите на влади и нивни претставници на земјите на Западен Балкан, со преставници на земјите од Европската Унија, а судија на натпреварот беше комесарот Јоханес Хан.
