Павловски: „Манифактура“ ги обезбеди сите документи за снимање на филмот на обиколницата
Објавено: 3 септември, 2015, во 08:33 часот
Продукциската куќа „Мануфактура“ тврди дека ги има обезбедено сите потребни документи кои се побарани од државните институции за нормално одвивање на снимањето на филмот „A Fond“ и дека одлагањето на почетокот на снимањето на филмот е поради обемните подготовки, а не поради документите, пишува Плусинфо.
– Не знам кој го информира Автомото сојузот за причините за одлагање на затворањето на обиколницата за снимање на филмот, но презентираат дезинформации. Повторувам, ние заедно со францускиот партнер ги имаме обезбедено сите документи и дозволи кои ги побараа државните институции од нас. Одлагањето на почетокот на снимањето не е поради документите туку поради обемните подготовки за снимањето во кое ќе учествуваат над 3.000 луѓе – изјави за Плусинфо сопственикот на „Мануфактура продукција“, Сашо Павловски.
Павловски се чуди зошто се кренала толкава фрка кога снимањето на обиколницата ќе се одвива само 15 дена.
– Ние гледавме да има што помалку запирање на сообраќајот. Во саботите и неделите нема да се снима за да не се прават непотребни застои во сообраќајот. Ги преземаме сите потребни дејствија за безбедност на сообраќајот како што е договорено со институциите. Но за сето ова и за почетокот на снимањето ќе кажеме многу повеќе на прес конференцијата денеска – подвлекува Павловски.
Текстот е превземен од Плусинфо.
