Шаховски турнир во пензионерскиот дом во Велес

Објавено: 3 септември, 2015, во 09:18 часот

Шаховски турнир од денеска ќе се одржува во Здружението на пензионери во Велес. Турнирот е од отворен тип и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани љубители на оваа спортска дисциплина. Организатори на турнирот се Здружението на пензионери и иницијативниот одбор за формирање на шаховски клуб .Турнирот е од ревијален карактер и ќе трае до недела, кога на шахистите ќе им бидат доделени благодарници и пофалници. Награди ќе има за најдобрите тројца учесници на турнирот, а ќе се наградува и фер играта.

„Во Здружението имаме многу добри шахисти кои иако се аматери добро си ја познаваат играта. Овој турнир го правиме да биде традиционален и целта е да се дружиме но истовремено и да ги потикнеме младите љубители на шахот да го негуваат овој спорт и да формираат клуб. Еве за почеток ќе им дадеме простор за клубот овде во Здружението, за да почнат како во минатото, да ги соберат на едно место најдобрите шахисти во градот“, рече претседателот на Здружението на пензионери Веле Алексоски.

Со овој шаховски турнир Здружението ја прославува годишнината, 58 години од формирањето, како и престојниот државен празник 8 септември, независноста на Македонија./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.