Скопската обиколница од утрово затворена за сообраќај

Објавено: 7 септември, 2015, во 07:49 часот

Утрово од 07 часот затворена е скопската обиколница за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „A Fond“. Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје, пишува Плусинфо.

„Согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски од 03.09.2015г. и известувањето од Мануфактура продукција известуваме дека за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ – клучка „Сарај“ (Скопска обиколница) за период на следниве датуми: 07.09.; 08.09.; 09.09.; 10.09.; 11.09.; 14.09.; 15.09.; 16.09.; 17.09.; 18.09.; 21.09.; 22.09.; 23.09.; 24.09.; 25.09.; и 28.09.2015 година од 07:00 до 19:00 часот за секој од наведените датуми“, се наведува во денешното соопштение на АМСМ.

Според ова обиколницата ќе бите затворена за сообраќај 16 работни дена.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.