Македонските репрезентативци за ловење на риба со пливка, задоволни од постигнатите резултати на светското првенство
Објавено: 16 септември, 2015, во 10:11 часот
Во конкуренција од триесет и седум репрезентации од цел свет, македонскиот тим риболовци го освои 23 место на натпреварот во лов на риба со пливка, што се одржа во Радече, Република Словенија. Новоформираниот тим на чело со селекторот Никола Џампалов, тренерот и водач Бранко Јанушев како и искусниот риболовец Ѕвонко Мечалов, на првиот ден од натпреварот го освои очекуваното 19 место, додека на вториот ден за половина бод го пропушти 16 место. Сепак тие се задоволни од постигнатите резултати на натпреварот.
„Дводневниот натпревар во Словенија беше едно пријатно искуство за нас. Задоволни сме од резултатите бидејќи таму се натпреварувавме со професионалци од цел свет, а ние сме аматери. Позитивна работа беше што како нов тим успеавме да ги поминеме систе тренинзи а остваривме и контакт со претседателот на светската федерација на риболовци, за да можеме да обезбедиме спонзор кој ќе стои зад нас. Така би оствариле поголеми резултати“, рече Џампалов.
Македонските риболовци се натпреваруваа со сопствена опрема. На реката Драва ловеа неколку врсти на риба: шливер, мрена, белвица, диверика. Лани тие го освоија 22 место на Светското првенство кое се одржа во градот Прелог, Хрватска. Догодина се надеваат дека ќе учествуваат на првенството што ќе се одржи во Пловдив, Бугарија, и дека ќе постигнат уште подобри резултати./Д.С
